недела, 29 јуни 2025

Медиуми: Полската влада му забрани на Додик да влезе во земјата

Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влезе во земјата и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Политички.ба. Во образложението на одлуката се споменуваат антидејтонските и сецесионистичките активности на Додик.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Полската влада со оваа мерка не вклучи други функционери од Република Српска, наведува Политички.ба.

На почетокот на април, Германија и Австрија му забранија на Додик влез во тие земји, а покрај него, истата мерка им беше изречена и на претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, и на премиерот на ентитетот, Радован Вишковиќ.

Додик е под санкции на Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД).

Тие се сметаат за најодговорни за донесувањето на законите во РС, со кои се забранува дел од правосудните институции и Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) да работат на територијата на РС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ