сабота, 21 јуни 2025

Масовни апсења во БиХ, се приведуваат и полицајци

Дваесет лица, меѓу кои и полицајци, се уапсени во вчера во Босна и Херцеговина под сомнеж за корупција и вмешаност во организиран криминал, потврдија судски извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството на Унско-Санската општина соопшти дека во рамките на акцијата „Коцки“ се уапсени голем број лица, меѓу кои и полицајци и одговорни лица на економски организации, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела злоупотреба на позиција или овластување и примање или давање подароци или други форми на корист или тргување со влијание.

Локалните медиуми дополнително објавуваат дека во операцијата координирана од полициската управа на министерството за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина во областа на Сански Мост и Приједор, приведени се лица осомничени за примање или давање поткуп со цел прикривање на незаконитости во работењето на рудникот за јаглен Каменград.

Дури 17 уапсени се полицајци на министерството за внатрешни работи на округот Уна-Сана, потврди окружниот министер Аднан Хабибија. „Ова е една форма на чистење на безбедносниот систем“, рече Хабибија.

Со рудникот за јаглен Каменград кај Сански Мост стопанисува фирмата Лагер од Пошушје. Работењето на овој рудник е оспорено од страна на жителите на Сански Мост поради начинот на кој се експлоатира рудата и влијанието врз животната средина.

Сопственик на Лагер е Миленко Башиќ, кој беше обвинет во Хрватска под сомнение за корупција, односно поткуп поврзан со изградбата на електроцентрала на ветер Крш-Паѓене.

Според извори на хрватски Индекс, Башиќ засега не е вклучен во истрагата. Истражителите ги пребараа просториите на филијалата на Лагер во Сански Мост. Во моментов, фокусот е на неколку компании кои препродаваат јаглен на Електростопанство на БиХ и Електростопанство на Србија.

Лагер е регионален лидер во продажбата и сервисирањето на градежна механизација и рударска опрема, а со години е позната како компанија што редовно добива профитабилни договори со Електростопанство на БиХ.

Од 2015 година, Лагер има концесија за истражување и експлоатација на кафеав јаглен во Каменград, а компанијата ги отфрли приговорите на бизнисот тврдејќи дека ги почитуваат сите законски услови поврзани со експлоатацијата на јаглен, вклучително и еколошките дозволи. Тие изјавија дека инвестирале десетици милиони марки во ревитализацијата на рудникот во Каменград и дека отвориле околу 600 работни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ