сабота, 31 мај 2025

Масовен прекин на струјата во Шпанија и Португалија

Во Шпанија и Португалија денес дојде до масовен прекин во снабдувањето со струја, кое ги погоди и главните градови Мадрид и Лисабон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Ределектрика, која произведува струја во Шпанија, соопшти дека е погоден Иберискиот полуостров, на кој ретко доаѓа до така масовно снемување струја.

Засега не е познато колку од 50 милиони жители на двете земји се погодени од прекинот на струјата.

Шпанскиот јавен сервис РТВЕ јави дека струја снемало во неколку шпански региони околу 12:30 часот по локално време, вклучувајќи го и парламентот во Мадрид и метро станиците низ земјата. Снемување на струјата пријавиле и граѓаните на Барселона и околните места.

Во Португалија, која има 10,6 милиони жители, струја снемало во Лисабон и околните подрачја и во северните и јужните делови од земјата.

Португалската компанија за дистрибуција на електричната енергија Е-редес соопшти дека причина за снемувањето на струјата се „проблеми со европскиот електроенергетски систем“, наведувајќи дека се погодени и делови од Франција.

Шпанската компанија Моеве соопшти дека ја прекинала работата во своите рафинерии за нафта во Шпанија по прекинот на струјата, соопшти портпаролот а пренесува Ројтерс.

Моеве, претходно познат како Цепса, управува со три шпански рафинерии, кои сочинуваат околу 40 отсто од преработувачките капацитети на земјата.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро им кажа на новинарите дека очекува снабдувањето со електрична енергија да биде обновено „во наредните часови“, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека „нема назнаки“ дека причина за прекинот е сајбер напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ