вторник, 16 декември 2025

Маск: Зеленски профитира од загинатите украински војници

„Украинците го презираат Володимир Зеленски кој профитира од загинатите украински војници“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа Икс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Маск ги повтори тврдењата на Трамп и го повика Зеленски „да одржи избори и да се откаже од она што го прави сега“.

„За жал, Белешките на заедницата (систем на мрежата Икс на Маск што тој го воведе како алтернатива на тимовите за проверка на факти) сѐ повеќе се манипулирани од владите и главните медиуми. Работиме на решавање на овој проблем…

Треба да биде сосема очигледно дека анкетата што ја контролира Зеленски за сопствената поддршка не е веродостојна!

„Ако украинскиот народ навистина го сака Зеленски, тогаш тој би одржал избори. Тој знае дека ќе загуби со голема разлика, и покрај тоа што ќе ја преземе контролата врз сите украински медиуми, па затоа ги откажа изборите“, напиша Маск.

„Во реалноста, украинскиот народ го презира и затоа одбива да одржи избори. Го предизвикувам Зеленски да одржи избори и да престане да го прави тоа што го прави. Тој нема да го направи тоа. Претседателот Трамп е во право што го игнорира и го решава мирот независно од одвратната, огромна корупциска машина која се храни со мртвите тела на украинските војници“, додаде Маск.

Претседателските избори беа закажани за пролет 2024 година, но украинскиот закон забранува парламентарни или претседателски избори за време на вонредната состојба во која моментално е земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ