„Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира“, напиша Маск.
Стапката на плодност е коефициент што го покажува бројот на родени деца по жена во плодниот период од животот, од 15 до 49 години.
Коефициент под 1 претставува екстремно ниска стапка, од 1 до 1,5 ниска стапка, од 1,5 до 1,9 недоволна стапка, од 1,9 до 2,1 стапка блиску до онаа што е доволна за замена на генерации, а над 2,1 стапка онаа што е доволна за замена на генерации.
Бројките се поразителни за повеќето европски земји. Огромното мнозинство европски земји имаат ниска стапка на фертилитет. Франција, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија и Молдавија стојат подобро од просекот, односно влегуваат во категоријата земји со недоволна стапка на фертилитет.
На картата се издвојува Косово во зелена боја, со стапка на фертилитет од 1,9.
Инаку, Маск е татко на најмалку 14 деца, од кои едно починало како бебе.
Either Europe starts having large families or it will keep dying https://t.co/UNX72ZRn98
— Elon Musk (@elonmusk) July 14, 2025






