„Прашање е колку администрацијата и Конгресот се спремни да трпат, бидејќи тоа може да се направи, но бара решавање на многу жалби“, кажа Маск за американските медиуми.
Маск, кого Трамп го именуваше за шеф на ДОГЕ во јануари, призна дека таа агенција до сега ги намалила расходите за 160 милијарди долари, што е значително под почетната цел од 2 билиони долари.
Поголеми кастрења би барале намалување на главните државни расходи, како пензиите и здравствената заштита за постарите лица, како и буџетот за одбрана.
За три месеци, ДОГЕ укина илјадници работни места за сојузните државни службеници и ги намали субвенциите.
Во меѓувреме имиџот на Маск се влоши и тој најави дека сега ќе се фокусира на својата автомобилска компанија Тесла, која е во проблеми. Продажбата опаѓа, а салоните на Тесла се вандализирани и се мета на протести во Соединетите Американски Држави и низ светот.
„Искуството со Доге не е баш забавно“, призна мултимилијардерот.
Агенцијата првично требаше да трае до 4 јули 2026 година, но Маск кажа дека напорите за постигнување на целта би можеле да продолжат за време на целиот четиригодишен мандат на Трамп.