вторник, 8 април 2025

Маск: Ослободете ја Лепен!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ понуди поддршка на лидерката на француската екстремна десница, Марин Лепен, откако парискиот суд ја осуди неа и дваесетина луѓе од нејзината партија Национален собир (РН) за проневера на средства од Европската унија. Илон Маск ја сподели неговата објава, додавајќи на својот пост на Икс: „Ослободете ја Лепен!“

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Милијардерот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, пред неколку дена ја нападна пресудата на францускиот суд со која ѝ се забранува на лидерката на француската екстремна десница Марин Лепен да се кандидира на претседателските избори.

„Кога радикалната левица не може да победи на демократски избори, го злоупотребува судскиот систем за да ги затвори своите противници“, рече Маск.

„Тоа им е стандардна шема низ целиот свет“, додаде тој и рече дека пресудата ќе има спротивен ефект, како во случајот со Доналд Трамп.

Судијка ѝ забрани на Лепен пет години да се кандидира на избори, што ќе ја спречи да учествува во претседателската трка во 2027 година, освен ако пред тоа не може да поднесе жалба на пресудата. Судијката сега е под полициска заштита откако доби смртни закани, изјави извор за Ројтерс.

Во објава на Трут соушл синоќа, Трамп го нарече случајот против Лепен „лов на вештерки“ и ја пофали лидерката на екстремната десница. „Претрпе загуби, но продолжи, а сега, непосредно пред нешто што би било голема победа, ја фатија со помал прекршок за кој веројатно не знаела. Мене ми звучи како книговодствена грешка“, напиша Трамп во објава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ