Најавата доаѓа само неколку часа откако извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, го објави лансирањето на моделот ГПТ-5, развиен во соработка со ОпенАИ и работи на инфраструктурата Азур на Мајкрософт.
OpenAI is going to eat Microsoft alive
— Elon Musk (@elonmusk) August 7, 2025
Иако Мајкрософт и ОпенАи официјално продолжуваат да соработуваат, нивниот однос станува сè посложен. Верџ оваа година објави дека ОпенАи бара поголема автономија во нов договор, вклучувајќи го и правото да го промени својот правен статус без претходна согласност од Мајкрософт.
Пораката на Маск доаѓа и во време кога ОпенАИ брзо ги проширува своите комерцијални активности, што го поддржува неговото тврдење дека рамнотежата на моќ меѓу двете компании би можела да се промени.
Маск го напушти ОпенАИ уште во 2018 година, по несогласувањата околу контролата и мисијата, и оттогаш често ја критикуваше нејзината развојна насока. Тој лансираше своја компанија за вештачка интелигенција, иксАИ, која се натпреварува со ОпенАИ.
Во индустријата веќе некое време се шпекулира дека претстојните модели како ГПТ-5, за кои се вели дека имаат десет пати поголем капацитет од нивните претходници, би можеле да предизвикаат сериозни пресврти во рамнотежата на пазарот.






