„Вашиот профил за огласи е укинат“, напиша вчера раководителот за производи во Икс, Никита Бир, како одговор на објавата на Европската комисија со која беше најавена казната од 120 милиони евра поради прекршување на правилата за транспарентност, односно Законот за дигитални услуги.
The irony of your announcement:
You logged into your dormant ad account to take advantage of an exploit in our Ad Composer — to post a link that deceives users into thinking it’s a video and to artificially increase its reach.
As you may be aware, X believes everyone should… https://t.co/ziuhUOimOT
— Nikita Bier (@nikitabier) December 6, 2025
Бир наведе дека од профилот на ЕУ бил објавен пост што „ги доведува корисниците во заблуда да помислат дека станува збор за видео и вештачки го зголемува опфатот“. Профилот на Европската комисија и понатаму е видлив, исто како и нејзините објави, пренесува Дпа.
Во меѓувреме, технолошкиот милијардер Маск продолжи да го изразува своето непријателство кон „тираниската, неизбрана бирократија што ги угнетува жителите на Европа“.
Маск сподели коментар од корисник што ја нарекува Европската Унија „Четвртиот рајх“, заедно со слика на знамето на ЕУ што се одлупува и под него се открива нацистичко знаме со свастика.
Pretty much https://t.co/0hspV4roFj
— Elon Musk (@elonmusk) December 7, 2025
ЕУ во петокот објави дека казната е изречена бидејќи платформата ги доведувала во заблуда корисниците, им ускратувала податоци на истражувачите и не ги документирала транспарентно рекламите што се прикажуваат на платформата.
Комисијата наведе дека износот на казната е пропорционален на прекршокот. Маск на Икс одговори со повик за укинување на ЕУ.
Казната предизвика реакција и кај американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ја нарече „напад врз сите американски технолошки платформи и врз американскиот народ“.






