недела, 14 декември 2025

Маск: Или Германија ќе гласа за АфД или тоа ќе биде крај на Германија

Американскиот бзнисмен Илон Маск повторно се вмеша во германската изборна кампања преку својата платформа Икс во корист на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД), јавуваат германските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Или Германија ќе гласа за АфД или тоа ќе биде крај на Германија“, порача Маск на Икс пред локалните избори што ќе се одржат на 14 септември во најнаселената германска федерална покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Според германските медиуми, тој реагира на заедничката изјава на партиите кои учествуваат на изборите во оваа федерална покраина, во која се отфрла какво било обвинување на мигрантите за актуелните социјални проблеми како што се зголемувањето на насилството или стапката на невработеност.

Во изјавата се истакнува дека изборната кампања не треба да се води „на грбот на мигрантите“, а изјавата ја потпишаа партии како што се Христијанско-демократската унија, Социјалдемократската партија на Германија, Зелените и некои други партии, со исклучок на АфД.

АфД објави дека не е поканета да се придружи на иницијативата, а доколку била, немало да одговори на неа. Платформата Европски конзервативци претходно ја прогласи оваа иницијатива за забрана за слободата на говорот и тврдеше дека АфД е единствената партија што отворено зборува за проблемите со миграцијата.

Преку социјалната мрежа Икс Илон Маск веќе влијаеше на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во февруари оваа година, повикувајќи ги граѓаните на Германија да гласаат за АфД и објави интервју со претседателката на АфД, Алис Вајдел.

Локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија се сметаат за прв тест за расположението на гласачите откако на власт дојде христијанско-демократската социјалдемократска влада на Фридрих Мерц на почетокот на мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ