„Ако демократијата е темел на слободата, сигурно вашата позиција како лидер на ЕУ треба да биде директно бирана од народот?“, праша Маск социјалната мрежа Икс.
If democracy is the foundation of freedom, surely your position as leader of the EU should be elected directly by the people?
— Elon Musk (@elonmusk) November 12, 2025
Во друг пост шефот на Тесла и Спејсекс додаде дека „лидерот на ЕУ“ треба да биде „избран од народот“ на блокот, а не назначен од одбор, алудирајќи на фактот дека шефот на извршната власт на ЕУ го предлага и избира Европскиот совет, кој е составен од 27-те шефови на држави и влади на ЕУ, со петгодишен мандат.
Маск реагираше на новата стратегија на фон дер Лаен – „европски штит на демократијата“ насочена кон борба против странското мешање во изборите.
„Демократијата е основа на нашата слобода. Демократијата е основа на нашиот просперитет. Демократијата е основа на нашата безбедност“, напиша фон дер Лаен на социјалните медиуми.
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаен уште во мај 2024 на состанок во Копенхаген година спомна „европски демократски штит“ против „странско мешање“.
Најавените планови на Фон дер Лаен за воспоставување „демократски штит“ на ЕУ немаат никаква врска со борбата против „дезинформациите“ од Русија и Кина, туку се начин Брисел да ги цензурира и потисне сопствените суверенисти, тврди американскиот експерт Мајк Бенц.






