понеделник, 22 декември 2025

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија, она што граѓаните го бараат се вредности и ЕУ (ФОТО+ВИДЕО)

Еврокомесарот за проширување Марта Кос денеска, на годишнината од уривањето на стреата на железничката станица во Нови Сад, напиша дека „оваа трагедија ја менува Србија“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Пред една година, железничката станица во Нови Сад се урна, при што загинаа 16 лица. Денес се сеќаваме на нив“, напиша Марта Кос на мрежата Икс.

„Оваа трагедија ја менува Србија“, напиша Кос. Како што наведе, оваа трагедија „ги поттикна масите да се залагаат за одговорност, слобода на изразување и инклузивна демократија“, нагласувајќи дека тоа се „истите вредности што ја водат Србија кон ЕУ“.

Денес во Нови Сад се одржува голем комеморативен собир, каде што десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите со 16-минутен молк во 11 часот и 52 минути, времето на смртоносното уривање на стреата, по целодневната комеморативна програма, ќе следи уште едно симболично молчење за жртвите во 19 часот и 52 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ