понеделник, 2 јуни 2025

Марко Рубио: Санкции би ја натерале Русија да ги напушти преговорите за крај на војната

Доколку САД воведат санкции против Русија, тоа би можело да доведе Русија да ги напушти разговорите за потенцијален крај на војната во Украина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Доналд Трамп верува дека ако сега се заканиме со санкции, Русите ќе престанат да разговараат, а има вредност во тоа што успеваме со нив да разговараме и да ги доведеме на преговарачка маса“, рече Рубио на сослушување пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, објави Си-ен-ен.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не добил „ниту една отстапка“ од администрацијата на Трамп.

Рубио зборуваше пред две комисии во Сенатот за различни теми, вклучувајќи ја помошта за Појасот Газа, привременото раселување на Палестинците од енклавата, преселувањето на јужноафриканските белци, сириската влада и други прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ