Мамдани, демократ, положи заклетва како прв муслимански лидер на Њујорк, ставајќи ја раката врз Куранот.
„Ова навистина е чест и привилегија“, изјави Мамдани во краткиот говор.
Приватната церемонија, која ја водеше државната обвинителка на Њујорк, Летисија Џејмс, се одржа на старата метро-станица на Градската куќа, една од оригиналните станици на градското метро, која веќе не е во употреба.
Старата метро-станица е „сведоштво за важноста на јавниот превоз за виталноста, здравјето и наследството на нашиот град“, рече Мамдани во своето прво обраќање како градоначалник и го соопшти именувањето на новиот комесар за сообраќај, Мајк Флин.
Мамдани повторно ќе положи заклетва денеска во 13 часот, на јавна церемонија во Градската куќа, пред сенаторот Берни Сандерс, еден од неговите политички херои.
Мамдани е роден во Кампала, во Уганда. Тој е син на филмската режисерка Мира Наир и на научникот Махмуд Мамдани.
Неговото семејство се преселило во Њујорк кога тој имал седум години. Американски државјанин станал во 2018 година.






