вторник, 15 јули 2025

Малта официјално ја признава Палестина

Малта официјално ќе ја признае Палестина следниот месец, со што ќе заврши 45-годишната национална дебата за ова прашање, изјави премиерот Роберт Абела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Не можеме да мижиме пред човечката трагедија, која секој ден се влошува, изјави Абела, мислејќи на војната во Газа, каде што се убиени речиси 54.000 Палестинци, пренесува Малта тудеј.

Абела го сподели своето искуство од неодамнешната посета на бегалските кампови во Јордан, каде што се сретнал со палестински деца што биле донесени на лекување на Малта.

Тој прецизираше дека Палестина официјално ќе биде признаена на крајот на јуни и додаде дека тоа е морална одговорност на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ