понеделник, 15 декември 2025

Мал авион се урна на автопат во Италија, загинаа двајца (ВИДЕО)

Тешка авионска несреќа се случи вчера во италијанската покраина Бреша, каде што се урна ултралесен авион. Двете лица во авионот загинаа на местото на настанот, објавија италијанските медиуми.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Авионот се урна во местото Ацано Мела, во близина на раскрсницата Корда Моле, кој ги поврзува автопатите А4 и А21. По неколку часа, властите успеаја да ги идентификуваат жртвите. Станува збор за 75-годишен маж од Милано и неговата 60-годишна партнерка. Според достапните информации, авионот полетал од Пјаченца.

Во несреќата индиректно учествувале и двајца возачи на автомобили. Авионот се запалил кога удрил во земјата, а возачите во тој момент минувале покрај местото на несреќата и поминале со своите возила низ пламенот.

Видео од падот на авионот е споделено на социјалните мрежи.

Еден од возачите, 56-годишен маж, бил превентивно однесен во болницата Полиамбуланца во Бреша, иако се чини дека немал никакви повреди. Другиот возач, 49-годишен маж, бил прегледан на местото на настанот и не му била потребна хоспитализација.

За да се утврдат сите околности што довеле до несреќата, обвинителството во Бреша побарало помош од миланската воздушна полиција. Во тек е истрага, со цел да се разјасни точната динамика и причината за оваа трагична несреќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ