недела, 8 јуни 2025

Макрон во посета на Виетнам, потпишан договор за 20 Ербас авиони

Франција и Виетнам денес потпишаа договор за купопродажба на 20 авиони Ербас за време на посетата на претседателот Емануел Макрон на Ханој, во обид да се зајакне влијанието на Франција во поранешната колонија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првата официјална посета на Макрон на Виетнам и прва на француски претседател на земјата по речиси една деценија следеше по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 50% на стоките од ЕУ од јуни, што ги разгоре тензиите меѓу САД и блокот од 27 членки.

„Доаѓам тука за да ги зајакнам нашите врски во клучните области: одбрана, иновации, енергетска транзиција и културна размена“, напиша Макрон на Икс по пристигнувањето во Виетнам.

Договорот со европскиот производител на авиони Ербас за виетнамската нискобуџетна авиокомпанија Виетџет за купување на 20 широкотрупни авиони А330нео следи по минатогодишниот договор за 20 авиони. Потпишувањето уследи откако европските претставници во последните недели го повикаа Виетнам да биде претпазлив во правењето отстапки кон Белата куќа, изјавија за Ројтерс двајца претставници со седиште во Виетнам.

Под притисок на Вашингтон да купува повеќе американски производи, Виетнам даде ветувања во трговските разговори за да избегне царини од 46%, сигнализирајќи дека националниот авиопревозник Виетнам ерлајнс и конкурентот Виетџет би можеле заедно да купат најмалку 250 авиони од американската компанија Боинг.

Ербас е сè уште главен снабдувач на авиони за Виетнам но економијата е во голема мера зависна од американскиот извоз, сигнализирањето за можно купување на најмалку 250 авиони Боинг е потег со цел да се намали огромниот трговски суфицит на земјата со САД и евентуално да се смири Трамп.

Франција владееше со Виетнам, земја од Југоисточна Азија, околу 70 години, сè додека не беше принудена да си замине во 1954 година по големиот пораз кај Диен Биен Фу во северен Виетнам. Односите се подобрија во последните децении, а минатата година беа подигнати на највисоко ниво.

На своето патување, првиот дел од турнејата низ Југоисточна Азија што ги вклучува Индонезија и Сингапур, Макрон Макрон се сретна со виетнамските лидери и во вторник ќе го посети универзитетот во Ханој, а потоа ќе отпатува за Џакарта, главниот град на Индонезија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ