По самитот на Алијансата, за време на кој европските лидери се обидоа да се прилагодат на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп, тој им кажа на новинарите дека „не можеме меѓу сојузниците да кажеме дека мора да трошиме повеќе“ за одбраната, „а потоа да водиме трговска војна во рамките на НАТО – тоа е апсурд“.
Макрон додаде дека колективниот напор, особено на Европејците, „јасно бара трговски мир“, што значи „намалување на сите постоечки или зајакнати царински бариери“.
Францускиот претседател оцени дека ова треба да биде правило меѓу сите сојузници, наведувајќи дека Европската Унија треба да склучи договор со Соединетите Американски Држави.
Макрон кажа дека го оставил прашањето во неколку наврати со Трамп и повторно јавно пред сите за време на самитот.
Тој додаде дека за време на самитот во Хаг истото го кажале и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и италијанската премиерка Џорџа Мелони.