четврток, 19 март 2026

Макрон: Трамп мора да ја сопре војната во Газа ако сака Нобелова награда за мир

Ако претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп навистина сака да ја освои Нобеловата награда за мир, мора да ја сопре војната во Газа, кажа францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи од Њујорк за француската телевизија БФМ, Макрон кажа дека само Трамп има моќ да изврши притисок врз Израел да ја оконча војната.

„Постои една личност која може нешто да направи по тоа прашање, а тоа е претседателот на САД. Причината зошто тој може да направи повеќе од нас е тоа што ние не го испорачуваме оружјето кое овозможува да се води војната во Газа. Ние не ја испорачуваме опремата која ја овозможува војната во Газа. Соединетите Американски Држави го прават тоа“, кажа Макрон.

Трамп претходно денес одржа говор во Генералното спобрание на Обединетите нации, отфрлајќи ги потезите на западните сојузници да ја признаат палестинската држава, порачувајќи дека тоа би била награда за милитантите на Хамас.

„Мораме веднаш да ја сопреме војната во Газа. Мораме веднаш да преговараме за мир“, кажа Трамп во говорот.

„Го гледам американскиот претседател како е ангажиран, кој утринава повтори од говорницата „Сакам мир. Решив седум конфликти“, кој сака Нобелова награда за мир. Нобеловата награда за мир е можна само ако го прекинете овој конфликт“, порача Макрон коментирајќи го говорот на Трамп.

Неколку земји, вклучувајќи ги Израел, Пакистан и Камбоџа, го номинираа Трамп за годишната награда за посредувањето во мировни договори или прекини на оган. Самиот Трамп кажа дека го заслужува признанието кое го доделува Норвешка, а кое го добија четворица негови претходници во Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ