вторник, 17 март 2026

Макрон: Ситуацијата во Газа е и понатаму исклучително кревка и ние тоа го знаеме

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека примирјето во Газа е и понатаму „многу кревко“ и повика на повторно отворање на влезните пунктови на таа територија, бидејќи станува збор за „апсолутна вонредна состојба“ и целта е да се овозможи влез на хуманитарна помош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата е сè уште многу кревка и ние го знаеме тоа. Важно е Хамас целосно да ги почитува обврските кои ги презеде и притисокот да продолжи да гарантира целосно почитување на прекинот на огнот“, кажа тој на прес-конференцијата одржана во Љубљана заедно со словенечкиот премиер Роберт Голоб.

„Важно е веднаш да се почне и ова е апсолутно итна ситуација во која треба повторно да се отворат хуманитарни мостови и разни други хуманитарни патишта за да може да се достави помош, храна и основна здравствена заштита до населението.

И за да можеме да им помогнеме на ранетите, на сите луѓе, на најранливите семејства кои треба да бидат изнесени од Газа за да бидат лекувани во болниците во регионот“, додаде францускиот претседател. Макрон инсистираше и на потребата Советот за безбедност на ОН „што е можно поскоро да усвои резолуција“ со која ќе се воспостави „меѓународна рамка за управување и безбедност“ во иднина во Газа.

Вчера, на состанок во Словенија, шефовите на држави и влади на девет земји од Европската унија коиграничат со Медитеранот побараа „итно деблокирање на целата хуманитарна помош за Газа“ и ја повикаа израелската влада да го отвори „преминот Рафа, како и другите гранични премини, за оваа цел“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ