недела, 8 јуни 2025

Макрон се надева дека гневот на Трамп кон Москва ќе „се претвори во дела“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се надева оти „гневот“ на неговиот американски колега Доналд Трамп кон Русија конечно ќе „претвори во дела“, особено кога станува збор за заканата од „масивни“ санкции меѓу САД и Европа, по викендот со разорни руски напади врз Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател, кој би сакал да ѝ стави крај на војната во Украина, за својот руски колега Владимир Путин рече дека е „комплетно полуден“.

„Претседателот Трамп сфати дека кога претседателот Путин по телефон рекол дека е подготвен за мир или кога им кажа на своите пратеници дека е подготвен за мир, всушност лажел“, изјави Макрон пред новинарите во виетнамската престолнина Ханој.

„Во последните неколку часа повторно го видовме гневот на Доналд Трамп. Тоа е еден вид нетрпение и се надевам дека ќе се претвори во дела“, додаде тој.

„Во неколку наврати“ во минатото, американскиот лидер „ги осуди нападите“, рече Макрон. „Се надевам дека негодувањето што го изрази, а кое го споделуваме со него, ќе се трансформира во способност на САД, заедно со Европејците, да му се заканат на Путин со сосема поинаков и многу посериозен пакет санкции, што ќе ни овозможи да ја одвратиме Русија и конечно да го завршиме овој конфликт. Тука е во прашање кредибилитетот на САД“, рече Макрон, додавајќи дека „разговарал“ за ова со Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ