четврток, 29 јануари 2026

Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивили и енергетска инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вчерашниот напад врз патнички воз во Харковскиот регион е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивили и енергетска инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој Франција беше копретседател, генератори ќе бидат испратени во Украина за да му помогнат на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални мрежи Икс.

Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ставот на Франција е јасен: ќе ја поддржуваме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на спремните. Продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.

Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.

„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за онеспособување на флотата во сенка“, додаде Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ