„Помина речиси еден месец откако Русија не само што го отфрли тоа, туку и го засили бомбардирањето на цивили со дополнителни трагични загуби пред неколку дена во Украина“, рече Макрон за време на посетата на Каиро.
Претседателот на Франција рече дека ја поддржува целта за ставање крај на војната, целта кон која се стреми претседателот Трамп, и додаде дека е потребен „цврст и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и на сите Европејци“.
„Затоа сега е итно Русија да ја прекине својата тактика на одложување и да го прифати безусловниот прекин на огнот што беше предлог на претседателот Трамп, предлог на кој претседателот (на Украина Володимир) Зеленски се согласи во Џеда на 11 март“, додаде Макрон.
Во неделата Зеленски изрази жалење поради отсуството на американски „одговор“ на „одбивањето“ на рускиот претседател Владимир Путин да прифати целосен и безусловен прекин на огнот во Украина, по последните смртоносни напади, особено во Киев.