сабота, 20 декември 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Целта на разговорите во понеделник во Вашингтон меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски е да се претстави обединет фронт на Украина и нејзините европски сојузници, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во неделата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако денес покажеме слабост пред Русија, поставуваме основа за идни конфликти“, рече тој по видеоконференцијата на Коалицијата на спремните.

Тој рече дека сојузниците на Киев на состанокот на Коалицијата на спремните ветиле дека ќе изградат силен и траен мир во Украина и почитување на територијалниот интегритет на Украина.

„Не може да има територијални дискусии за Украина без Украинците“ и „исто како што не може да има дискусии за безбедноста на Европејците без нив“, додаде Макрон, барајќи тие да бидат поканети на идните самити за Украина.

„Одиме (во Вашингтон) не само да го придружуваме украинскиот претседател, туку одиме таму да ги браниме интересите на Европејците“, нагласи тој.

Макрон рече дека рускиот претседател Владимир Путин не сака мир, туку „капитулација“ на Украина.

„Дали мислам дека претседателот Путин сака мир? Ако мене ме прашувате, не. Тој сака капитулација на Украина; тоа е она што го предложи“, рече шефот на француската држава.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста нагласи дека единството меѓу Европа и САД е од суштинско значење за постигнување одржлив мир за Украина.

„Како што нагласив за време на состанокот на Коалицијата на спремните, доколку не се постигне договор за прекин на огнот, ЕУ и САД мора да го зголемат притисокот врз Русија“, додаде Коста во порака на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ