„Од 2007 до 2008 година (руската интервенција во Грузија), претседателот Путин ретко ги исполнуваше своите обврски. Тој постојано беше сила на дестабилизација. И се обидуваше да ги преиспита границите за да ја прошири својата моќ“, истакна францускиот претседател во интервју за ЛЦИ.
Макрон смета дека „Русија трајно стана сила на дестабилизација и потенцијална закана за многумина од нас. Земја која вложува 40 отсто од својот буџет во опрема и која мобилизираше војска од повеќе од 1,3 милиони луѓе нема веднаш да се врати во состојба на мир и отворен демократски систем“, порача францускиот претседател.
.Значи, вклучително и за сопствениот опстанок, тој (Путин) треба да продолжи да ждере. Ете. Тој е предатор, огромно чудовиште пред нашата врата. Не велам дека Франција ќе биде нападната утре, но тој сепак е закана за Европејците. Не смееме да бидеме наивни“, истакна Макрон.
Вчера во Вашингтон се одржа средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неколку европски лидери, каде што беше најавена средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во друг разговор со американската телевизија Ен-би-си Макрон не криеше дека не го дели оптимизмот на Трамп во врска со можноста за постигнување мировен договор. „Кога ја гледам ситуацијата и фактите, не гледам дека претседателот Путин сега сака мир, но можеби сум премногу песимист“, кажа тој.
Средбата меѓу Путин и Зеленски треба да се одржи во Европа, рече Макрон, кој се залага таа да се одржи во Женева.
Медиумите известуваат дека можна локација е Унгарија.






