вторник, 24 март 2026

Макрон предупреди на можноста од израелска окупација на Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера предупреди дека секоја окупација на територијата не може да гарантира ничија безбедност, алудирајќи на израелската копнена операција во Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во време на разни конфликти, во време кога некои би нè туркале кон заострување на војните, во време кога други би сакале да поверуваме дека безбедноста може да се гарантира само со инвазија на соседот од кој се плашиме, Либан нè потсетува само на едно нешто – моќта на универзализмот“, кажа Макрон.

Францускиот претседател го кажа ова на отворањето на една изложба во Институтот на арапскиот свет во Париз, во присуство на либанскиот министер за култура Гасан Саламе.

„Поддршката на Франција е непроценлива“, кажа Саламе.

Израел спроведува голема операција на воздушни напади на Либан, како и копнена операција долж границата со таа земја.

Според најновите официјални податоци, 1.039 лица се убиени во тие напади на Либан.

Либан е цел на израелски напади од 2 март. Израел тврди дека напаѓа упоришта на движењето Хезболах, поддржано од Иран.

Нападите се дел од пошироката криза на Блискиот Исток која започна на 28 февруари, кога американските и израелските сили започнаа воздушни напади врз Иран, кој потоа одговори со напади врз локации со американско воено присуство во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ