недела, 14 декември 2025

Макрон предлага средбата Зеленски-Путин да се одржи во Женева

Средбата меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, треба да се одржи во Европа, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека средбата треба да се одржи во Женева.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон рече дека Женева не е само хипотеза, туку колективна волја, бидејќи се сака средбата да се одржи во неутрална земја.

„Јас сум за Женева или за некоја друга земја. Последниот пат билатералните разговори беа во Истанбул“, потсети Макрон откако присуствуваше на средбата меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделникот, заедно со неколку европски лидери.

Францускиот претседател рече дека денес ќе се одржи состанок на таканаречената Коалиција на спремните, составена од околу 30 земји, и дека безбедносните гаранции за Украина ќе бидат разгледани заедно со Велика Британија.

„Веднаш потоа, започнуваме конкретна работа со Американците, и затоа, почнувајќи од денес, нашите дипломатски советници, министри и шефови на држави ќе почнат да работат за да видат кој е спремен што да направи“, рече Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ