Тој во интервју за американската телевизиска станица Си-би-ес изјави дека ослободувањето на заложниците е „јасен услов пред да ја отвориме амбасадата“.
Се очекува Франција формално да ја признае независноста на Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк денеска, како што најави.
Независноста на палестинската држава е поддржана од 150 земји од целиот свет, на кои вчера им се придружија и Обединетото Кралство, Канада и Австралија.






