недела, 14 декември 2025

Макрон: Никаква офанзива на Израел или обид за анексија нема да го сопре движењето за признавање на државата Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон денес го предупреди Израел дека никаква негова офанзива или обид за анексија нема да го запре движењето за признавање на државата Палестина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту една офанзива, обид за анексија или раселување на жителите нема да ја поништи динамиката што ја создадовме со престолонаследникот и на која веќе се придружија бројни партнери“, кажа тој за својот разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Макрон додаде дека американската одлука да не им издава визи на палестинските функционери кои ќе присуствуваат на претстојната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации е неприфатлива.

„Ги повикуваме да ја повлечат таа мерка и да дозволат пристигнување на палестинската делегација во согласност со договорот за седиштето на Обединетите нации“ во Њујорк, кој ги обврзува САД, додаде Макрон.

Франција објави дека ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември. На Франција ѝ се придружија и други земји, вклучувајќи ги Британија и Канада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ