понеделник, 14 јули 2025

Макрон: Конференцијата на ОН за палестинската државност е одложена „од логистички и безбедносни причини“

Конференцијата на Обединетите нации за палестинската државност, закажана за следната недела во Њујорк, мора да се одложи „од логистички и безбедносни причини“, но ќе „се одржи што е можно поскоро“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова одложување не може да ја поткопа нашата решеност да се придвижиме кон имплементација на решението за две држави (палестинска и израелска). Без оглед на околностите, јас сум решен да ја признаам државата Палестина“, додаде францускиот претседател за време на прес-конференција во Елисејската палата.

Конференцијата се одржа во контекст на континуирани израелски напади врз Иран. Додека во тек е одмазднички напад на Иран врз Израел, а експлозии може да се слушнат во близина на Ерусалим и Тел Авив, како што објави Си-ен-ен.

„Демилитизирана палестинска држава е суштински предуслов за регионалната интеграција на Израел“, оцени Емануел Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ