среда, 4 март 2026

Макрон: Кога би се загрозил суверенитетот на сојузник, последиците би биле невидени

Кога суверенитетот на некоја европска земја и сојузник би бил загрозен, последиците би биле невидени, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон на седница на владата, алудирајќи на настојувањата на американскиот претседател Доналд Трамп да преземе контрола врз арктичка територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, а пренесе портпаролката на владата Мод Брежон. „Кога би бил загрозен суверенитетот на некоја европска земја и сојузник, последиците од тоа би биле невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува целосно солидарно со Данска и со нејзиниот суверенитет“, додаде тој.

Претходно во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека меѓу Европската Унија и Гренланд постои силна врска и дека жителите на Гренланд можат да сметаат на поддршката од Европската Унија.

Министрите за надворешни работи на Данска и на Гренланд денес ќе се сретнат во Белата куќа со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, по повеќенеделните закани на претседателот Доналд Трамп кон Гренланд, автономна територија во рамките на Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ