недела, 21 декември 2025

Макрон: Ја потценивме Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не исклучува ниту една опција во случај руски борбени авиони да влезат во европскиот воздушен простор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во согласност со доктрината за стратегиска двосмисленост, можам да ви кажам дека ништо не е исклучено“, кажа Макрон во интервју за весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг, на прашањето дали би поддржал соборување на руски борбен авион ако навлезе во европскиот воздушен простор без дозвола.

Макрон истакна дека ја потцениле Русија. Тој смета дека Русија е најголемата структурна закана за Европејците, наведувајќи мешање во изборните кампањи, сајбер напади, атентати на противници и ширење лажни информации.

„Наивни сме ако не препознаваме дека руската тајна армија се шири во нашите демократии. Таа се состои од оние мали анонимни воини што ги нарекуваме дигитални ботови. Тие ја манипулираат демократијата во Франција, Германија и низ цела Европа“, предупреди тој.

На прашањето за предлогот на Европската комисија да се користат замрзнатите руски средства како гаранција за исплата на воена штета на Украина, Макрон повтори дека средствата не можат едноставно да се конфискуваат, бидејќи тоа би го прекршило меѓународното право.

Макрон потврди и дека ќе одржи говор на почетокот на следната година за француската нуклеарна доктрина, која моментално се ажурира. „Францускиот нуклеарен чадор постои. Моментално работам на ажурирање на нашата доктрина и сакам да продолжам со продлабочување на нашиот стратегиски дијалог со Европејците кои сакаат да учествуваат“, кажа францускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ