недела, 21 декември 2025

Макрон: Израелските планови за анексија на Западниот брег се црвена линија на која ЕУ силно ќе реагира

Плановите за „делумна или целосна“ израелска анексија на Западниот Брег, вклучително и фактичка анексија преку изградбата на населби, „претставуваат црвена линија на која силно ќе реагираме со нашите европски партнери доколку бидат спроведени“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Насилството на доселениците и забрзувањето на проектите за населување достигнуваат нови нивоа кои ја загрозуваат стабилноста на Западниот Брег и претставуваат кршење на меѓународното право“, изјави францускиот претседател за новинарите по средбата со Абас во Елисејската палата.

На истата прес-конференција Абас ја потврди својата посветеност на реформите во рамки на Палестинската самоуправа, вклучително и одржување предвремени избори.

„Ја обновуваме нашата посветеност тука пред вас во врска со реформите“, кажа Абас, додавајќи дека реформите вклучуваат организирање претседателски и парламентарни избори.

Тој додаде дека изборите ќе се одржат „една година по преминот кон втората фаза од прекинот на огнот“ во Појасот Газа, што вклучува разоружување на палестинското движење Хамас.

Абас и Макрон најавија создавање заеднички комитет за изготвување устав за палестинска држава, која Франција неодамна ја призна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ