Франција не е во војна со Иран и ќе продолжи да дејствува „претпазливо, смирено и решително“, порача тој. Што се однесува до „актуелниот конфликт, Франција дејствува исклучиво дефанзивно“, додаде тој.
По синоќешниот напад во близина на Ербил во северен Ирак, француската армија ги анализира сите факти и околности, кажа Макрон.
Според него, француските војници биле нападнати „додека се бореле, како и во изминатите години, како дел од меѓународната коалиција против тероризмот во регионот и во служба на ирачкиот суверенитет. Ова, се разбира, е неприфатливо“, оцени францускиот претседател.
Досега не е познато кој ја нападнал базата што ја користат Французите, 40 километри југозападно од Ербил.
Ашаб ал-Каф, проиранска вооружена група, објави на Телеграм дека ќе ги нападне „сите француски интереси во Ирак и во регионот“ откако Париз го испрати таму својот носач на авиони Шарл де Гол.






