вторник, 10 февруари 2026

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и сака распад на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денес дека Европа треба да се подготви за понатамошни конфликти со Соединетите Американски Држави и да го сфати неодамнешниот „гренландски момент“ како повик за будење за спроведување на долгоодложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју објавено во неколку европски весници, Макрон кажа дека Европа не треба да го меша затишјето во тензиите со Вашингтон со трајно повлекување и покрај очигледниот крај на споровите околу Гренланд, трговијата и технологијата.

„Кога има јасен чин на агресија, мислам дека она што треба да го направиме е да не попуштиме или да се обидеме да постигнеме договор. Мислам дека ја пробавме таа стратегија со месеци. Не функционира“, оцени Макрон за неколку весници, вклучувајќи ги Монд и Фајненшл тајмс.

Макрон кажа дека администрацијата на Трамп е „отворено антиевропска“ и сака „распаѓање“ на ЕУ. „САД во наредните месеци, а тоа е сигурно, ќе нè нападнат поради дигиталната регулација“, додаде Макрон, предупредувајќи за потенцијалните американски увозни тарифи на Трамп ако ЕУ го користи својот Закон за дигитални услуги за контрола на технолошките компании.

Францускиот претседател го повтори и својот повик за ново заедничко задолжување, како што се еврообврзниците, тврдејќи дека тоа ќе ѝ овозможи на ЕУ да инвестира во голем обем и да ја предизвика хегемонијата на американскиот долар.

Макронкажа и дека француско-германско-шпанската програма за воени авиони ФЦАС не е мртва и дека се надева дека наскоро ќе разговара за плановите за продолжување со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во декември извори за Ројтерс изјавија дека состанокот на француските, германските и шпанските министри за одбрана не успеал да постигне напредок во спасувањето на проблематичната програма, во која земјите би развиле авион кој ќе ги замени францускиот „рафал“ и германско-шпанскиот „јурофајтер“.

На прашањето дали проектот ФЦАС е мртов, Макрон одговори: „Не. Француската проценка е дека ФЦАС е многу добар проект и не сум слушнал ниту еден германски глас да ми каже дека тоа не е добар проект“, кажа тој. Тој додаде дека се надева дека проектот ФЦАС ќе напредува.

Лидерите на ЕУ ќе се соберат во четврток во Брисел на самит каде што ќе разговараат за мерките за зајакнување на економијата на ЕУ и нејзино поконкурентно работење со САД и Кина на глобалната сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ