Авионот со Мадуро слета во близина на Њујорк во саботата навечер, по што тој бил префрлен во градот со хеликоптер, пред да биде однесен во голем конвој и под силна полициска придружба до Метрополитен притворниот центар во Бруклин, објави Ројтерс.
На снимките објавени од американските власти се гледа Мадуро со лисици и заврзани очи за време на летот, а потоа е спроведен по ходник во канцелариите на америлканската Агенција за борба против дрогата, каде што се слушна како посакува „Среќна Нова година“.
Perp walked.pic.twitter.com/34iIsFUDdG
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) January 4, 2026
Обвинет по повеќе федерални обвиненија, вклучително и заговор за извршување наркотероризам, Мадуро треба да се појави за прв пат пред федералниот суд на Менхетен во понеделник, според официјален претставник на Министерството за правда.
Во драматична операција рано во саботата, која затемни делови од Каракас и вклучуваше напади врз воени и цивилни објекти, американските специјални сили ги уапсија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, и ги префрлија со авион на брод на американската морнарица покрај брегот пред да бидат префрлени со авион во Соединетите Американски Држави.
Photos obtained by ABC News show a handcuffed Nicolas Maduro being escorted by Drug Enforcement Administrator Terry Cole and other federal agents after landing in New York on Saturday.
Follow live updates: https://t.co/uQUgkbE6Te pic.twitter.com/1oiY5Jecs4
— ABC News (@ABC) January 4, 2026
„Ќе ја водиме земјата сè додека не можеме да имаме сигурна и правилна транзиција“, кажа Трамп вчера на прес-конференција во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.
Пред неколку месеци, администрацијата на Трамп го критикуваше 63-годишниот Мадуро за, како што тврдат, неговата вмешаност во шверцот со дрога во САД. Притисокот е зголемен со масовното воено засилување на Карибите и серијата смртоносни ракетни напади врз наводни бродови за шверц со дрога.






