недела, 14 декември 2025

Мадуро распоредува војска на брегот на Венецуела и на границата со Колумбија

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Венецуела, Николас Мадуро, нареди распоредување на 25.000 војници на границата со Колумбија, како и на карипскиот и атлантскиот брег на земјата, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Наредив распоредување на 25.000 мажи и жени од нашите славни Национални боливарски вооружени сили за зајакнување на тактичките сили, за брз одговор во мирната зона со Колумбија, на карипскиот и атлантскиот брег на федералните држави Нуева Еспарта, Сукре и Делта Амакуро“, кажа Мадуро.

Тој истакна дека „главната цел на мобилизацијата е одбрана на националниот суверенитет, безбедноста на земјата и борбата за мир“.

Кон средината на август, три брода на американската морнарица беа испратени во јужниот дел на Карибите, кон брегот на Венецуела, „за да спроведат операции против наркокартелите“. Според извештаите, распоредени се нуклеарна подморница, ракетен крстосувач, десантни бродови и околу 4.500 војници.

Трамп објави на почетокот на септември дека американските сили убиле 11 членови на венецуелски наркокартел за време на операција во меѓународни води.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги осуди „заканите од САД“, порачувајќи дека ќе „влезе во фаза на оружена борба“ доколку Венецуела биде нападната. Тој кажа дека зголемувањето на поморските сили на САД е „неоправдано“ и „криминално“ и претставува „најголемата закана што континентот ја видел во последните 100 години“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ