петок, 13 март 2026

Мадуро пред судот е бранет од адвокатот на Асанж

Бари Полак, американскиот адвокат кој го застапуваше основачот на Викиликс Џулијан Асанж, ќе го брани заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро по обвиненијата за трговија со дрога, што би можело да отвори прашања за имунитетот на странските лидери и легалноста на апсењето на Мадуро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полак се појави денес со Мадуро во федералниот суд во Менхетен. Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, се изјаснија за невини два дена откако беа уапсени во американски воен напад на суверената држава Венецуела.

Полак кажа дека очекува обемни правни аргументи за она што го нарече „воено киднапирање“ на Мадуро, сигнализирајќи дека одбраната ќе тврди дека операцијата е нелегална.

Тој додаде дека одбраната би можела да го покрене и аргументот дека Мадуро има кривичен имунитет како шеф на странска влада.

„Соединетите Американски Држави имаат посебен став за тоа каква е нивната глобална надлежност“, изјави Полак за правниот портал Лодрагон во интервју минатата година за случајот на Асанж.

Додека го бранеше Асанж, Полак стекна искуство во случаи карактеризирани со глобални интриги и сериозни последици за меѓународниот углед на Соединетите Американски Држави.

Асанж се соочи со обвиненија според Законот за шпионажа на Соединетите Американски Држави за масовно објавување на класифицирани американски документи, вклучувајќи дипломатски преписки и извештаи за воени операции во Ирак и Авганистан.

По неколкумесечни преговори тој се изјасни за виновен по едно обвинение за заговор за собирање и откривање доверливи одбранбени информации.

Според необичната спогодба што Полак ја постигна во 2024 година, Асанж беше ослободен од затвор во Обединетото Кралство и му беше дозволено да се врати во Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ