недела, 7 декември 2025

Мадуро: Планот за одбрана на Венецуела од САД е подготвен

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, денес соопшти дека планот за одбрана од заканите од Соединетите Американски Држави е подготвен, по завршувањето на воените вежби во Венецуела.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Денес ги завршивме сеопфатните одбранбени зони во земјата, во сите држави. Сите федерални субјекти сега се подготвени за 27 основни задачи на сеопфатната одбрана на Венецуела“, напиша Мадуро на социјалната мрежа Телеграм.

САД претходно распоредиja седум воени бродови во Карибите и Мексиканскиот Залив, официјално како дел од операција против трговија со наркотиците, која посебно е насочена кон Венецуела.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека одобрил тајни операции на ЦИА.

Како одговор, Мадуро нареди воени вежби во сите четири држави на Венецуела, во кои беа распоредени илјадници војници на границите.

Голем дел од воените вежби на Венецуела се одвива ноќе и не вклучува постојан распоред на трупите.

Венецуелскиот јавен сервис емитуваше снимки од војниците кои ја напуштаат касарната. Во вежбите учествуваат и полицијата, службата за цивилна заштита и милицијата и воено тело составено од цивили.

САД досега извршија најмалку шест напади врз моторни чамци осомничени за трговија со дрога, при што загинаа најмалку 27 лица.

Официјален Вашингтон ги користи обвиненијата за трговија со дрога против Мадуро како причина за „промена на режимот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ