Зборувајќи на состанок со претставници на Комитетот за државна безбедност (КГБ), Лукашенко рече дека е алармантно што Полска и балтичките соседи на Белорусија се „страшно и агресивно“ расположени кон Минск.
„Притисокот се врши во сите правци и нашите специјални служби најмногу го чувствуваат притисокот. Затоа, ние посветуваме најголемо внимание на работата на КГБ и на безбедносниот блок воопшто“, изјави Лукашенко.
Меѓу учесниците на состанокот беа претседателот на КГБ, Иван Тертел, генералниот обвинител Андреј Швед, претседателот на Претставничкиот дом на Народното собрание Игор Сергејенко и началникот на кабинетот на Советот на министри Валериј Вакулчик.






