четврток, 18 декември 2025

Лукашенко: Војната ќе стане глобална ако Трамп не успее да посредува во постигнувањето мировен договор

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека светот е во опасност од „глобален конфликт“ ако војната меѓу Русија и Украина продолжи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овој конфликт мора да биде замрзнат“, рече Лукашенко во емисијата „Д рекорд“ на Њузмакс со Грета Ван Сустерен.

„Најопасното е што овој конфликт ќе продолжи. Ако ескалацијата продолжи, последиците можат да бидат многу тешки и исклучително опасни за Европа и целиот свет“, изјави тој.

„Ќе ескалира во глобален конфликт. Затоа мора да го завршиме овој конфликт сега, додека сè уште имаме шанса“.

Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста за прекин на огнот до Божиќ, велејќи дека Русија веројатно ќе го отфрли новиот мировен предлог кој го поддржуваат европските земји и дека Украина мора да биде подготвена да продолжи со борбите.

Во вторникот Зеленски кажа дека конечниот пакет предлози ќе биде завршен во рок од два дена и дека Соединетите Американски Држави ќе го предадат на Москва.

Според него, Киев очекува Кремљ да го отфрли планот. Русија веќе ги отфрли повиците за божиќно примирје, инсистирајќи дека секое прекинување на непријателствата мора да биде во согласност со нејзините барања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ