вторник, 16 декември 2025

Лондон го „избриша“ Бенкси, отстранет е муралот од судската зграда (ВИДЕО)

Британските власти го отстранија најновиот мурал од уличниот уметник Бенкси, на кој е прикажан судија како тепа демонстрант, од ѕидот на Кралскиот суд на правдата во Лондон.

Фото: Бенкси/Инстаграм

Објавено на

часот

Сподели

Бенкси, чие вистинско име сè уште е непознато, со години слика мурали што се однесуваат на социјални и политички прашања. Најновата слика, која ја обвинува Британија за тиранија, се појави во вторникот, по апсењето на околу 900 демонстранти и судската забрана на групата „Палестинска акција“.

Муралот прикажува судија, во традиционална црна мантија и перика, како со својот чекан удира невооружен демонстрант кој држи плакат испрскан со крв.

За неколку часа, службениците го покриле муралот со метална ограда. Набрзо се појавиле маскирани работници и почнале да го чистат ѕидот, под полициска стража.

„Добра илустрација за Британија денес. Маскиран човек ја отстранува уметноста на дисидент против тиранијата, додека го чуваат странци во служба на националната безбедност“, коментира политичарот Пол Вестон.

Активистот Томи Робинсон сподели слика од избришаниот мурал, придружена со коментарот „Сликата зборува илјада зборови“.

Официјалното објаснување дадено од властите е дека морале да ги отстранат „графитите“ бидејќи Кралскиот двор е заштитена градба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ