вторник, 10 март 2026

Локалитети на светското наследство во Исфахан оштетени по израелски воздушни напади

Историски знаменитости во Исфахан, вклучително и палатата Чехел Сотун од сафавидскиот период, наводно се оштетени по израелски воздушен напад во понеделникот врз зградата на покраинската управа во близина, јавуваат иранските медиуми и очевидци, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Палатата се наоѓа недалеку од канцеларијата на гувернерот на Исфахан, а ударниот бран од експлозијата оштетил делови од комплексот на палатата, позната по фреските, рефлектирачкиот базен и историските сали што потекнуваат од 17 век.

Еден жител на Исфахан опишал, пишува Си-ен-ен, засилени безбедносни мерки околу историското подрачје, наведувајќи дека околните улици се блокирани и дека на луѓето не им е дозволено да се приближат.

„Многу строго ги блокираат околните улици“, рече тој, „Не можете да поминете ниту со автомобил ниту пеш, а понекогаш на луѓето им ги одземаат телефоните. Има многу малку фотографии“.

„Меѓу зградата на Чехел Сотун и канцеларијата на гувернерот има само неколку дрвја, а изгледа дека и тие се оштетени“, додаде тој.

Постојат и извештаи за оштетувања околу плоштадот Накш-е Џахан, сафавидски плоштад што е на листата на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) и на кој се наоѓаат споменици како палатата Али Капу и неколку историски џамии.

Овие извештаи доаѓаат неколку дена откако УНЕСКО предупреди за ризиците за културното наследство во Иран по претходните напади во Техеран.

Во соопштение по оштетувањето на палатата Голестан во Техеран, УНЕСКО наведе дека локалитетот „наводно е оштетен од крш и ударен бран по воздушен напад“ во близина на плоштадот Арг во престолнината.

Агенцијата додаде дека „внимателно ја следи состојбата со културното наследство“ во Иран и низ целиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ