четврток, 5 јуни 2025

Литванија ја тужи Белорусија во највисокиот суд на ОН за наводна трговија со мигранти

Литванија побара од Меѓународниот суд на правдата да пресуди дека Белорусија ги прекршила своите меѓународни обврски со наводно организирање на шверцување мигранти на литванска територија и да му додели отштета на Вилнус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за надворешни работи во Вилнус објави дека Литванија денес поднела тужба против Белорусија до Меѓународниот кривичен суд во Хаг за кршење на нејзините обврски според Протоколот на Обединетите нации (ОН) против шверц на мигранти по копно, море и воздух.

Бројот на мигрантите што пристигнуваат на границите на земјите од Европската Унија од Белорусија нагло се зголеми минатата година, а европските власти ја обвинија Белорусија дека им помага на мигрантите да ја преминат границата. Во декември ЕУ им даде зелено светло на Полска и другите земји на нејзиниот источен брег привремено да ги суспендираат правата за азил во случаи кога верува дека Белорусија и Русија ги „вооружуваат“ мигрантите за да го дестабилизираат блокот.

Литванските власти соопштија дека доказите што ги собрале ја потврдуваат директната вмешаност на Белорусија во организирањето на мигрантските текови, вклучително и зголемувањето на бројот на летови од Блискиот Исток и други локации од страна на белоруски државни претпријатија.

Се тврди дека белоруските безбедносни сили придружувале многу мигранти по пристигнувањето во Белорусија до литванската граница и ги принудиле нелегално да ја преминат. Се додава дека граничните служби на Белорусија одбиле да соработуваат со Литванија за да се спречат нелегалните преминувања.

Министерството за надворешни работи на Литванија објави дека Вилнус бара од Меѓународниот суд на правдата да ја прогласи Белорусија за одговорна според меѓународното право за прекршување на протоколот за шверц на мигранти.

Литванското барање вклучува целосен надомест за предизвиканата штета, вклучувајќи ги и трошоците за зајакнување на границата, за кои тие не прецизираа бројка.

Литванија, која посочи на приливот на мигранти уште во 2021 година, изјави дека одлучила да го преземе овој чекор откако билатералните преговори не успеале да го решат спорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ