Јужнокорејската војска соопшти дека вежбите, кои вклучувале „различни типови“ балистички ракети со краток дострел, би можеле да бидат поврзани со извозот на севернокорејско оружје во Русија.
Русија и Северна Кореја потпишаа заеднички договор за стратегиско партнерство во јуни 2024 година кој предвидува заемна помош во случај на напад на која било од нив.
Вежбите вклучувале ракетен систем и тактичка балистичка ракета, пренесува севернокорејската агенција КЦНА.
Одржана е детална обука за „постапките и процесите за брзо преминување во позиција за нуклеарен контранапад“, додава агенцијата.
„Целта на вежбата е постигната и потврдена е сигурноста на системите за команда и мобилизација способни брзо да реагираат на каква било нуклеарна криза“, наведува КЦНА.
Санкциите на Обединетите нации против Пјонгјанг поради неговата нуклеарна програма му забрануваат поседување балистички ракети.