Венецуелската опозициска лидерка пристигна во Осло дури рано утрово, не стигнувајќи во норвешката престолнина на церемонијата на доделување на наградите која се одржа неколку часа претходно. 58-годишната инженерка тајно ја напушти Венецуела и отиде во Осло, спротивно на децениската забрана за патување која ѝ ја наметна власта и откако помина повеќе од една година во криење.
„Пристигнав да ја прифатам наградата во име на венецуелскиот народ и ќе ја вратам во Венецуела во вистинскиот момент“, изјави таа за новинарите во норвешкиот парламент, одбивајќи да открие кога тоа ќе биде. Кога Мачадо ја освои Нобеловата награда за мир во октомври, таа делумно му ја посвети на американскиот претседател Доналд Трамп, кој кажа дека тој самиот ја заслужува почеста.
Таа се смета за блиска до Трамп тврдејќи дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро е поврзан со криминални банди кои претставуваат директна закана за националната безбедност на Соединетите Американски Држави.
На прес-конференцијата Мачадо беше прашана дали би поддржала американска инвазија на нејзината татковина, на што таа одговори дека нејзината земја веќе е нападната од актери како што се руски и ирански агенти и нарко-картели.
„Ова ја претвори Венецуела во криминален центар на Америка. А она што го одржува овој режим е многу моќен и силно финансиран систем на репресија“, кажа таа стоејќи до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Reporter: Would you welcome a U.S. military intervention in Venezuela?
Venezuelan Opposition Leader María Corina Machado:
Venezuela has been already invaded. We have the Russian agents, we have the Iranian agents. We have terrorist groups such as Hezbollah, Hamas, operating… pic.twitter.com/pfAEZvQaIK
— Clash Report (@clashreport) December 11, 2025
„Од каде доаѓаат овие средства? Па, од трговијата со дрога, од црниот пазар на нафта, од трговијата со оружје и од трговијата со луѓе. Мора да ги намалиме овие текови“, тврди таа, без да понуди какви било докази. Таа кажа и дека верува оти владеењето на Мадуро ќе заврши и дека нејзината земја треба да се подготви за транзиција.
„Се враќам во Венецуела без оглед на тоа кога Мадуро ќе замине. Тој сигурно заминува, но моментот ќе биде одреден од тоа кога ќе завршам со она што го почнав“, додаде таа, без да даде детали.






