недела, 14 декември 2025

Лидерката на АфД за канцеларот Мерц: Шири страв од Русија поради задолжувањето

Копретседателката на партијата Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел остро ја критикуваше таканаречената „коалиција на спремните“, обвинувајќи ја за саботирање на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за што поскоро завршување на конфликтот во Украина, пренесува руската агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со францускиот претседател Емануел Макрон, кој тоне сè подлабоко во мочуриштето на јавниот долг, и британскиот премиер Кир Стармер, кого дури ни неговиот народ повеќе не сака да го види – Вие, господине Мерц, најдовте идеални истомисленици. Вашата „коалиција на спремните“ е коалиција на губитници кои, притиснати во ќош, го потпалуваат бурето барут“, кажа Вајдел во Бундестагот, обраќајќи се до Фридрих Мерц, канцеларот на Германија.

Таа додаде дека Мерц ги саботира напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за брзо завршување на конфликтот во Украина.

„Го охрабрувате Володимир Зеленски да се спротивстави на болниот, но брзо окончување на стотици илјади смртни случаи“, нагласи Вајдел.

Таа, исто така, ја обвини германската влада за намерно ширење страв од „непосреден руски напад“ со цел да оправда зголемената јавна потрошувачка и ново задолжување.

„Со разгорувањето на оваа воена хистерија, ризикувате ескалација на конфликтот во Украина и претворање во неконтролирана светска војна што би можела да ја уништи нашата земја“, кажа Вајдел.

Неодамна во Париз се одржа состанок на претставници на 26 земји во рамките на „коалицијата на спремните“, со кој претседаваа британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон. Според Макрон, сите земји изразиле подготвеност да распоредат сили за ограничување на територијата на Украина по евентуалното примирје.

Руското министерство за надворешни работи остро реагираше, велејќи дека секое распоредување на силите на НАТО на територијата на Украина е неприфатливо и би предизвикало остра ескалација на конфликтот. Ваквите најави, особено од Велика Британија и други европски земји, беа оценети од руското министерство за надворешни работи како охрабрување за продолжување на непријателствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ