сабота, 20 декември 2025

Лидерите на ЕУ денес на видеосредба за разговорите во Вашингтон

Лидерите на Европската Унија денес ќе одржат видеоконференција за да ги анализираат резултатите од разговорите во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Состанокот е закажан за 13 часот, потврди претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Сите членови на Европскиот совет, кој го претставува највисокото политичко тело на Европската Унија, ќе учествуваат на видеоконференцијата, а главната тема ќе биде координирање на понатамошните чекори по разговорите во Вашингтон.

Пред состанокот, Коста ја нагласи важноста на соработката со Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа Икс.

„Заедно со Соединетите Американски Држави, ЕУ ќе продолжи да работи кон траен мир што ќе ги штити виталните безбедносни интереси на Украина и Европа“, напиша Коста.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ