понеделник, 8 декември 2025

Лидерите на ДР Конго и Руанда склучуваат мир со помош на Трамп во замена за руда за САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ќе ги угости лидерите на Демократската Република Конго и Руанда, Феликс Чисекеди и Пол Кагаме, за потпишување договор за окончување на конфликтот во источен Конго и за тоа двете држави да ѝ отворат пристап на американската влада и компаниите до клучните руди.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во повеќедецениските борби во централноафриканската земја ДР Конго учествуваат повеќе од 100 вооружени групи, а најсилни се бунтовниците М23, кои ги поддржува Руанда. Се војува за области богати со ретки видови минерали што, како што се тврди, бунтовниците ѝ ги даваат на Руанда, а таа ги препродава во ЕУ.

Аналитичарите велат дека не се очекува денешниот договор брзо да донесе мир, бидејќи ДР Конго и групата М23 веќе имаат мировен договор, но борбите продолжуваат.

Денешниот договор ќе претставува надградба на Рамката за регионална економска интеграција, со која, како што велат официјалните лица, се дефинираат условите на економското партнерство меѓу САД, ДР Конго и Руанда.

Трамп настојува да ја заобиколи Кина во набавката на ретки минерали и руди за производство на борбени авиони, мобилни телефони и друго. Кина учествува со околу 70 проценти во светското рударење на ретки минерали и контролира околу 90 проценти од глобалната обработка на тие суровини, а со нив е богата и областа во ДР Конго во која би се прогласил мир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ