Сепак, главниот губитник на тие избори беше милијардерот и соработник на претседателот на САД, Илон Маск, кој инвестираше повеќе од 21 милион долари за поддршка на Шимел, објави АП.
Маск не само што финансиски го поддржа Шимел, туку им понуди и награди на гласачите кои потпишаа петиции за поддршка, соопшти агенцијата.
Тој на три лица им платил по 1 милион долари за да потпишат петиција, а неговата организација нудела 100 долари за секој гласач што ќе потпиши против „активистичките судии“.
Освен тоа, Маск му плаќал 20 долари на секој што ќе се пријавил да биде волонтер.
Неговите постапки предизвикаа контроверзии, а демократите го искористија за да создадат наратив дека Маск се обидел да ги „купи“ изборите.
Демократите, исто така, истакнаа дека тоа е напад врз демократските вредности и фер избори, тврдејќи дека судскиот систем не е на продажба и дека Висконсин „одбил напад врз демократијата“. Крафорд победи со голема разлика, а нејзиниот резултат беше подобар од очекувањата на многумина, објави АП.